Home » Македонија ќе биде повторно ваша, Мицкоски ја честиташе Новата година

Македонија ќе биде повторно ваша, Мицкоски ја честиташе Новата година

by Журнал.мк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со видеообраќање, објавено на неговиот фејсбук-профил, им ја честита Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.

Мицкоски вели дека изминатата 2024 година била година на предизвици, но и година на нови почетоци, а дека претстојната 2025 година „ќе биде година на раст, ред и на интеграција“, вложување во економијата, инфраструктурата и во образованието „со фокус на подобар живот за сите“.

„Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој – вели Мицкоски.

Истакнува дека во 2025 година Владата ќе работи посветено и одговорно за поквалитетен живот на сите граѓани.

„ 2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и со многу љубов. Бог да ги благослови Македонија и нејзините граѓани “, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk