Maкедонецот Гого Славевски (28 години) вечерва ќе се бори за светска титула во бокс со голи раце. Славевски се натпреварува во БКФЦ категорија и негов противник ќе биде Американецот Џејк Линдси. Ова е пресметка на двајца непоразени борци во ова натпреварување.
Славевски е со скор од 5:0, додека неговиот противник има една победа помалку.
Борбата ќе се одржи во Мајами каде што е и базата на момчето кое има потекло од скопско Ѓорче Петров, се очекува да има голема поддршка и од македонската заедница.