Home » Македонец убиен во центарот на Есен со пивско шише

Македонец убиен во центарот на Есен со пивско шише

by Журнал

Во смртоносен напад среде центарот на германскиот град еден во неделата е убиен 32 годишен Македонец.

Убиениот чиј идентитет не е познат бил претепан со пивско шише по што починал од повредите.

Во недела рано изутрина околу 2 часот по полноќ, двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години влегле во вербална расправија со Македонецот по што расправијата прераснала во брутална тепачка.

Според информациите за инцидентот двајцата Еритрејци го тепале Македонецот со пивско шише додека тој не колабирал.

Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица а сведок на инцидентот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина кратко време подоцна од сериозните повреди“, изјави портпаролот на полицијата во Есен.

Откако од сведоци добиле добар личен опис на убијците полицијата успеала да ги уапси двајцата осомничени, еден на железничката станица во Есен, а другиот на железничката станица во Милхајм.

Двајцата добиле притвор од судот во Есен каде ќе го чекаат судењето за убиство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk