Home » Македонците го обожаваат Здравко Чолиќ: Три последователни концерти на музичката ѕвезда во Скопје

Македонците го обожаваат Здравко Чолиќ: Три последователни концерти на музичката ѕвезда во Скопје

by Журнал.мк

Откако во рекордно време ги распродаде двата концерти во Скопје, Здравко Чолиќ најави и трет концерт во Спортскиот центар Јане Сандански.
Настаните ќе се случуваат на 18-ти, 19-ти и 21-ви март, со почеток во 20 часот, а пејачот ќе настапи заедно со симфониски оркестар.

Ова е негово враќање во Скопје по шест години пауза. Во 2018 година ја наполни ВИП Арената и одржа два концерти, а потоа во 2019 година, по само седум месеци, одржа концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Иако во мај ќе наполни 74 години, Здравко е познат по енергичните настапи и по концертите кои траат повеќе од три часа.

Тој е една од најголемите музички ѕвезди од времето на Југославија, а кариерата ја започнал кон крајот на шеесетите години на минатиот век.
Во Македонија е чест гостин на општински манифестации, и важи за еден од најплатените музичари во регионот.

Влезниците за скопските концерти се со цени од 2.800 до 4.000 денари, и сите се со места за седење поради форматот на концертите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk