6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

MAKEДОНЦИТЕ КУПУВААТ ИМОТИ НА МОРЕ: Најголем интерес има за Грција и Албанија

Најчитани вести

Поимотните Македонци купуваат имоти на море, најчесто во соседните земји Грција и Албанија.

Ги користат за свои потреби, за одмор, да имаат каде да престојуваат доколку почнале бизнис во соседството или пак ги издаваат. Од Агенцијата за недвижности „Импулс“ од Скопје велат дека граѓаните најчесто купуваат станови на Халкидики, или во Саранда.

„За Црно Море нема интерес, иако порано имаше пред 10 или 15 години, но сега работите се сменија, не од политички, туку од други причини“, велат од оваа агенција.

И во Струмица има интерес за купување на недвижен имот надвор од границите на Македонија.

„Граѓаните прашуваат, но не ги знаат процедурите за купување имот во друга земја. Интерес има за првиот крак и Солун во Грција. Оние струмичани кои се поимотни, купуваат имоти до 70 или 80 квадрати“, објаснуваат од Скај Хом Недвижности од Струмица.

Во Куманово, оние кои работат во Швајцарија, освен во родниот град купуваат имоти во Албанија, а другите кои работеле на Блискиот Исток купуваат мали станови во Грција. Дел од луѓето кои биле повредени додека работеле на Блискиот Исток, и добиле отштета, парите ги вложуваат во недвижен имот. Обично се тоа станови до 50 квадрати. Од агенцијата за недвижности „Експерт недвижности“ од Куманово велат дека во соседна Албанија цените на становите не се зголемени. Дури може да се случи во одредени места во Албанија да се најде поевтин стан отколку во Куманово.

„Во Албанија најголем интерес има за Саранда. Во Грција најчесто купуваат на краците. Може да се најде стан и за 900 евра по квадрат, но на локации кои не се толку атрактивни. За Црна Гора интересот е слаб, за Бугарија нема интерес, а Хрватска е скапа за нашите граѓани“, велат од „Експерт недвижнини“.

И од струшка агенција за недвижности додаваат дека клиенти од повеќе македонски градови купуваат имоти во Валона, Саранда, и Драч во Албанија со површина од 40 до 50 квадрати за свои потреби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести