Home » Majката на убиецот од Цетиње: Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно

Majката на убиецот од Цетиње: Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно

by Журнал.мк

Два дена по инцидентот во Цетиње, каде што загинаа 11 лица и шест се повредени, Светлана Бориловиќ која му е мајка на убиецот Вук Бориловиќ даде коментар за српски „Телеграф“.

Светлана кажа дека Вук ги загубил нервите и сè направил несвесно. Несреќната жена тврди дека ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија.

„Јас сум без душа и не знам дали ќе ја преживеам оваа болка. Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно!? Зошто сине? Постојано се прашувам, а одговор нема да добијам“, вели Светлана.

Светлана, исто така, кажа дека Вук не бил во лоши односи со ниту една од жртвите и не ѝ е јасно зошто ова се случило.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk