25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Маикон кој со Интер ја освои ЛШ, се врати во Европа и ќе игра во четврта лига!

Најчитани вести

Бразилскиот бек, Маикон кој беше дел од тимот на Интер кој под водство на Мурињо ја освои историската тројна круна, се врати во Италија и потпиша за клубот Сона Калчо кој настапува во Серија Д.

Откако во 2016 година, тогаш како играч на Рома, Маикон се врати во Бразил, не ја заврши кариерата туку играше во помали клубови од оваа земја. Четири и пол години подоцна тој се враќа во Италија и ќе игра во четвртата лига.

39-годишниот Бразилец стави потпис на договор со клубот Сона Калчо. Претседателот на клубот вели дека идејата да се ангажира Маикон почнала од шега.

„Идејата дојде пред три месеци и беше кажана како шега. Член на нашиот стручен штаб ме праша: Зошто не се обидеме да го донесеме Маикон? Се насмеав мислев дека се шегува, но тој беше сериозен. Беше полесно да го убедиме отколку што очекував. Ние сме многу блиску до Милано, а тоа е градот кој Маикон го сака“, изјави претседателот на клубот, Клаудио Фераресе.

Маикон кариерата ја почна во Крузеиро од каде во 2004 година пристигна во Европа, во тимот на Монако каде се задржа две години па премина во Интер. Во клубот од Милано беше шест години и тука ги имаше своите најславни денови кои ги круниса и со трофејот од Лигата на шампионите. Потоа една сезона настапуваше за Манчестер Сити, но брзо се врати во Италија, овој пат во Рома каде се задржа три години.

За бразилската репрезентација одигра 76 натпревари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести