Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка (од село Гајре – Попова Шапка), соопшти АМСМ во пладевниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.