Важната листа што магазинот Тајм ја објавува подолго од 20 години, содржи 200 исклучителни иновации, вклучувајќи нови производи и нови идеи, што уредниците на Тајм ги препознаваат како „промени во нашите животи“.
Стив Сентер, оперативен директор на Киа во САД, потсети дека корејската компанија со силно присуство во САД се најде како единствена претставничка на автомобилското производство, во списокот на 100 највлијателни компании во САД според магазинот Тајм. Сентер додаде и дека во Киа се „почестени со ова врвно признание за најмоќниот сериски автомобил на Киа досега.“
При составувањето на листата пристигаа предлози од уредници и соработници на Тајм од сите страни на светот. Дополнително може и онлајн да се поднесе апликација. Посебно внимание се посветува на подрачјата што постигнуваат најголем напредок, како што се вештачка интелигенција, зелената енергија и одржливоста.
За одлучување околу победниците се земаат предвид низа чинители, вклучувајќи оригиналност, делотворност, амбиција и влијание.
Составена е листа од 200 пронајдоци што се нови од корен (заедно со 50 пронајдоци што заслужија посебно да се спомнат), што според уредниците на Тајм „го менуваат начинот на живеење, работење, играње и размислување за тоа што може да се постигне.“
Во претставувањето на Киа ЕВ6, во списокот на најголеми иновации на годината, магазинот Тајм напиша: „Во овој момент, електричните возила или се прескапи или се просечни. ЕВ6 ГТ на Киа, именуван за најдобар автомобил со високи перформанси во светот во 2023 година, не е ниту едното, ниту другото.“
За приближно половина од цената на електричните возила со споредлива моќност, ЕВ6 ГТ забрзува од нула до 60 милји на час за 3,4 секунди, постигнува крајна брзина од 161 милји на час, па дури вклучува и „режим за дрифт“, во којшто повеќе моќност се префрлува наназад и кон надворешните тркала, за да се овозможи странично лизгање, речиси во стил на Брзи и Бесни. „Ова не е бапска количка за голф“, кажува оперативниот директор на Киа во САД, Стив Сентер. „Ова е врескач“.
Целиот список на иновации може да се погледне на страницата на Тајм
https://time.com/collection/best-inventions-2023/#transportation