Home » Мадона на страна на студентите – ги поддржа на социјалните мрежи

Мадона на страна на студентите – ги поддржа на социјалните мрежи

by Журнал.мк

Поп – кралицата Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори поврзано со студентските протести во Србија.

„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека во моментов во Србија се одржува еден од најголемите студентски протести од 1968 година“, се наведува во објавата што ја сподели Мадона.

Во видеото, со снимки од дрон, е наведено дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети и дека протестите вклучуваат 24-часовни блокади.

„Луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и помалку корупција во владата. Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести, а владата им се заканува со откази. Ова е сериозен проблем. Оваа ситуација мора да стане вирална за да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Ние стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.

Снимките од протестите се придружени со нејзиниот познат хит Like a Prayer.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk