Home » Мадона (63) ѝ завртела грб на камерата и го покажала задникот: „Докторите ова не го направиле баш како што треба“

Мадона (63) ѝ завртела грб на камерата и го покажала задникот: „Докторите ова не го направиле баш како што треба“

by Журнал.мк

Мадона одлучила на Инстаграм да сподели нови фотографии. Пејачката на нив е во многу провокативно издание.

Облечена во мрежести црни чорапи и црна провокативна долна облека, Мадона на објективот му го завртела грбот и го покажала задникот – односно целата работа на естетскиот хирург.

Иако сите знаеме дека Мадона го променила изгледот со естетска хирургија, особено после разводот со Гај Рич, сега може и да се увериме во тоа.

Лице кое сè повеќе не наликува на неа, и задник како – топка! Барем така велат нејзините невоодушевени фанови во коментари.

https://www.instagram.com/p/CZQalAgFFeu/?utm_source=ig_embed&ig_rid=f0f5b49a-b28d-4944-996c-28be14cadc3d

Што се случува со истенчениот вкус на кралицата на поп музиката?

Во колажот има и фотографии на кои Мадона е клекната, ползи по автомобил, ја покажува својата ‘секси’ страна…

Пејачката на себе имала капут на кој пишува: „Боже, чувај ја кралицата“, а во раце држи нешто како златен крст.

Обожавателите веќе одамна кренале раце од Мадона, која последните години кариерата ја гради на скандали, а малку на песни. Изгледа единственото нешто што ја интересира е да изгледа младолико и добро да се забавува.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk