Home » Мадиќ од Загреб: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

Мадиќ од Загреб: Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

by Журнал

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб „Иднината на проширувањето на ЕУ: правосудство и темелни права“.

Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.

„Од примарна важност е обезбедувањето на условите за јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството, јавното обвинителство и јакнење на системот за одговорност и транспарентност, во согласност со принципите на владеење на правото. Оттука, неопходно е внимателно да се следат ризиците за појава на корупција,проактивно да се спроведуваат активности за превенција на корупцијата и

да се реализира бескомпромисна политика на репресија на корупцијата “,порача Мадиќ.

Комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.

Во Република Северна Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.

Во правната рамка за спречување на корупцијата во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More