Home » МАЈЛИ САЈРУС ТУЖЕНА ЗА ПЛАГИЈАТ НА ГОЛЕМИОТ ХИТ Песната „Flowers“ е копија на песната на Бруно Марс

МАЈЛИ САЈРУС ТУЖЕНА ЗА ПЛАГИЈАТ НА ГОЛЕМИОТ ХИТ Песната „Flowers“ е копија на песната на Бруно Марс

by Lina Muslija

Американската пејачка Мајли Сајрус доби тужба за кршење авторски права над нејзиниот хит „Flowers“ од 2023 година. Наводно, Сајрус ја ископирала песната „When I Was Your Man“ на Бруно Марс, која беше меѓу најслушаните музички нумери во 2013 година, пренесе „Дејли мејл“.

Но, тужбата не ја поднел Марс, туку платформата за музички права „Темпо мјузик“, од каде тврдат дека песната „Flowers“ има слична мелодија со песната „When I Was Your Man“.

Тие наведуваат дека акордите создадени од Сајрус, Грегори Хајн и Мајкл Полак, како и текстот на песната, се слични на оние создадени од Марс, Филип Ловенс, Ари Левин и Ендрју Вајат.

Во тужбата се тврди дека сличностите се толку големи што „Flowers“ не би постоела ако не постои песната „When I Was Your Man“.

Да потсетиме, „Flowers“ беше прогласена за снимка на годината и најдобра поп изведба на годинашните награди Греми, а беше номинирана и во категоријата песна на годината. Од друга страна, пак, песната „When I Was Your Man“ беше номинирана за најдобра поп изведба на наградите Геми во 2014 година, но наградата не отиде кај Марс.

„Темпо мјузик“ сега бара отштета од пејачката и да се отстрани дистрибуцијата на песната, што би можело да значи нејзино отстранување од дигиталните и идните физички верзии на нејзиниот албум „Endless Summer Vacation“.

Компанијата ја поднесе тужбата затоа што неодамна презеде контрола врз дел од авторските права на „When I Was Your Man“.

Имено, пејачот продаде дел од својот каталог со песни на „Ворнер мјузик“, која во 2019 година ја основа платформата „Темпо мјузик“, која е создадена да инвестира во каталозите на песни на изведувачите преку нивните мастер снимки и правата за издавање.

Во последниве години, продажбата на каталози на песни станува се почеста практика за уметниците, бидејќи на тој начин тие можат да обезбедат големи плати.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk