Home » Мајка со дете влегла во реката Сава, во тек е потрага по детето

Мајка со дете влегла во реката Сава, во тек е потрага по детето

by Журнал.мк

Во моментов во Загреб се води голема потрага по течението на реката Сава, пренесува 24сата. Мајка влегла во Сава со дете во раце. На жената и била укажана помош, а потрагата по детето е во тек.

„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена пријавила дека влегла во реката со дете во рацете, па и била укажана лекарска помош додека траат интензивни мерки со цел пронаоѓање на детето“, соопштија од полицијата.

Досега се повикани пожарникари, цивилна заштита и Хрватската метеоролошка служба.

Активирани се и тимови со чамци и дронови со термичка слика.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk