Home » Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил сексуално вознемируван од негов соученик

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил сексуално вознемируван од негов соученик

by Журнал.мк

Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град.

„На 19.09.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.09.2024 во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик“, информира МВР.

Од полицијата додаваат дека работат на расчистување на случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk