Адријан Гаџа објави фотографија од мајка си Сузана со букет рози за да ѝ го честита 8-ми март, водителот Ненад Георгиевски ловеше риба во Неа Каликратија во Грција, Бока Конга објави неколку фотографии од крштевката на синот Лука.
Антониа Гиговска сподели нова фотка од снимањето на спотот за песната „Аман“ во Египет, актерката Маја Андоновска беше во Париз, а во градот на светлината е и модниот дизајнер Златко Јовановски, кој имаше своја модна ревија.
Сара Мејс, сподели две фотки од ќерката Илина – едната направена неодамна, другата од бебе, па напиша дека тоа го направила од љубов кон ќерката.
„Не ми се верува дека ова бебе се претвори во ова девојче. Ова виолетово намачено прво бебе, што мајка му го враќаше неколкупати од што не знаеше како да го роди, буценце од 4 кила, излезе со луто фацуле и ‘на цел глас’.
Денес, неверојатно ми е како ова бебе е истово преженствено и премило девојче… Илино те сакам! Не ѝ е роденден, ама така ми дојде“ – напиша Сара на Инстаграм.