25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Mосква во февруари ќе побара ЕУ да ја одобри руската вакцина

Најчитани вести

Русија следниот месец ќе поднесе официјална апликација за да добие одобрение од Европската Унија за вакцината „спутник 5“, објави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е покровител за оваа вакцина против коронавирусот.

Сумираните резултати за ефектот на вакцината ќе бидат објавени набргу и ќе ја покажат нејзината висока ефикасност, изјави Дмитриев за „Ројтерс“.

Според него, „спутник 5“ ќе се произведува во седум земји. Регулаторните агенции на девет земји се очекува да ја одобрат руската вакцина за употреба во текот на месецот.

Вакцината е веќе одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија и во уште неколку други земји. Русија, која е четврта земја во светот според бројот на заразени, планира да почне со масовна вакцинација следната недела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести