1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Mинистерот за земјоделство Арјанит Хоџа стана шеф на штабот на Беса за локалните избори

Најчитани вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретар на движењето Беса, Арјанит Хоџа на Фејсбук објави дека е избран за шеф на Централниот штаб на партијата за локалните избори.

„Денеска се одржа редовниот состанок на централното раководство на движењето Беса. На овој состанок се дискутираше за неколку важни точки во пресрет на локалните избори. Во исто време, централното раководство на партијата, со едногласна поддршка, му предложи на централното собрание јас, како генерален секретар на партијата, да бидам избран за шеф на штабот за локалните избори во 2021 година. Се чувствувам привилегиран да водам важен процес за партијата и за сите активисти на движењето Беса“, напиша Хоџа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести