18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Mакедонија и Албанија заедно да продолжат со пристапувањето во ЕУ, велат од Стејт департментот

Најчитани вести

САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.

Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.
На прашање од МИА да се откријат детали и рокови во врска со ова, портпаролот Нед Прајс синоќа одговори дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија така и на Македонија да ги решат билатералните спорови брзо. Но, нема да откривам детали за тие разговори, рече Прајс.

Тој укажа дека САД одамна се голем поддржувач на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ.

„Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави Прајс.

Тој додаде дека одлуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорита за пристапување за Македонија и Албанија ја сметаат за позитивен чекор.

„Двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување“, повика Прајс.

Тој додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го сторат истото со преговарање на нивните билатерални спорови”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com