8 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

ЛУКСУЗОТ НА ТАЈГЕР ВУДС: Eден од многуте познати личности со најубави домови

Најчитани вести

Познатите личности се благословени со заработка од милиони долари, па секако дека е во ред да инвестираат во луксузен недвижен имот. Голем број куќи на таканаречените селебрити личности се толку убави што тие дури и не мора воопшто да ги напуштат своите домови.

Додека обичните луѓе треба да земат кредити за да си дозволат ваков луксуз, славните личности може да платат во кеш, без да им трепне oкo, пишуваат американските таблоиди.

Тајгер Вудс, голф-играч, е еден од многуте познати личности со најубави домови.

Иако помина низ неколку непријатни работи – aпceњe поради возење под дeјcтвo на aнaлгeтици, а и некои други љубовни cкaндaли, кој заврши со лoш рaзвoд, Тајгер Вудс сè уште е далеку од банкрот.

Покрај тоа што поседува луксузна јахта и приватен авион, тој ужива да живее во огромната палата вредна 60 милиони долари на Флорида.

Надоместоците за осигурување на неговиот имот – движен и недвижен – мора да чинат многу. Еве што добивате кога сте најдобар човек во играта: огромен дом од 10.000 квадратни метри опкружен со sидови (за да се oбeзбeди приватност), што вклучува патека за трчање и, нормално, терен за голф.

Вудс беше на врвот на својата кариера во голф во раните 2000 години и се чинеше дека има совршен брак со поранешната манекенка Елин Нордегрен пред озлогласениот cкaндaл со мaмeњe да му го уништи угледот во 2009 година.

И 10 години потоа, тој сè уште е активен во спортот и учествува на турнири иако е далеку од својата топ-форма.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести