Home » Лукаревска: Во Буџетот се намалени парите за малите и средни претпријатија од 80 на само 18 милиони

Лукаревска: Во Буџетот се намалени парите за малите и средни претпријатија од 80 на само 18 милиони

by Журнал.мк

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на расправата на собраниската комисија за финансирање и буџет, посветена на предлог-буџетот за 2025 година истакна дека реториката на напад на власта полека оди кон одбрана, на моменти неосновано и безаргументирани.

Мислев дека нема да се критикува претходната власт, а и не би личело кога зборуваме за нов буџет, нема веќе простор за обвинувања за некакви душмански трошења, несоодветна распределба на средства, фаворизирање на една или друга институција, па некогаш не одат во прилог бројките за споредба по било кој параметар, особено за јавниот долг, гломазноста и секако сè ќе пукне како балон, за што се милуваше овде долго и долго да се зборува претходните неколку години, рече Лукаревска, и направи споредба со сите епитети коишто што беа давани изминатите години, кога се носеа буџетите.

Во 2022, 4,4 милијарди евра, период на корона вирус – епитетот е нереално планиран. Во 2023 5,3 милијарди евра, енергетска криза, со епитет инфлаторен и неразвоен, во 2024 година 5,5 милијарди евра, период кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан, за да денес во 2025 година 6,5 милијарди евра без било каква криза, дека истиот е визионерски, којшто дава еден зрак светлина, односно да цитирам надеж. Ако предложениот буџет за 2024 од 5,5 за тогашната опозиција беше напумпан, мегаломански, расипнички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој поголем за 1 милијарда евра, нагласи Лукаревска.

Лукаревска истакна дека владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра во услови кога претходната владата предводена од СДСМ ги санираше разорувачките последици од пандемиската криза, на која и се надоврза економската криза, војната во Украина, енергетската неизвесност, ценовните шокови и неминовната инфлација.

Во целиот текст на буџетот провејуваат оптимистички проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата. На пример се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025 во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, рече Лукаревска, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија.

Лукаревска нагласи дека кај тековните расходи, најголем е растот масата на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, што на прв поглед изгледа во ред, но треба да се постави прашањето колкав дел од тие плаќање ќе останат во македонската економија.

Нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, за поддршка на земјоделството средствата се намалуваат од 128 во 2024 на 117 милиони евра. Се намалуваат средствата за поддршка на развој на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18. Тие се двигателот во бизнис заедницата, а од друга страна за поддршка на странски инвестиции има 36 милиони евра, истакна Лукаревска, и со задоволство констатираше дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната влада, како коридорите на Бехтел и Енка кои беа „криминален проект“, а сега се високо на агендата проектите за реализација на новата влада.

Лукаревска запраша зошто има дуплирање на масата на плати во државата комисијата за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор од 63,7 милиони денари 2024, на 116 во 2025, зошто се зголемуваат платите во министерството за европски прашања од 75,9 милиони денари во 2024 на 108 милиони во 2025, зошто се зголемува масата за плати во ТИРЗ од 58 на 105 милиони денари во 2025 година и зошто се намалуваат значајно алоцираните средства за медицинска опрема за потребите на ЈЗУ во РСМ за заштита на населението од СИДА, здравствена заштита на лицата со болести на зависности и едукација на лекари и медицински персонал.

Предлог Буџетот за 2025 точно ја дефинира политиката која има намера да ја тера оваа влада исклучиво за свои потреби, минимална грижа за граѓаните, максимална за себе, минимална реална посветеност и максимална пропаганда. Единствено што може да се заклучи од предложениот буџет за 2025 година е дека смело чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk