Home » Лукаревска: Семејствата во Кочани заслужуваат неселективна правда и одговори за трагедијата

Лукаревска: Семејствата во Кочани заслужуваат неселективна правда и одговори за трагедијата

by Журнал.мк

По трагедијата на 16 март во Кочани, досегашниот тек на истрагата покажува селективност и нетранспарентност. Семејствата во Кочани и граѓаните заслужуваат одговори. Но, место тоа, имаме селективна истрага, која на моменти се води дури и бомбастично, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма.

Таа потенцираше дека по една ваква трагедија никој нема право на оправдувања или селекција.

-Сепак, ние сега гледаме селективна истрага. Додека претходниот министер за економија е во притвор, сегашниот изјавува дека не ги знае надлежностите и овластувањата, велејќи: „Јас немам ништо со ова и со лиценците.“ Не слушнавме ништо ниту за полициските службеници кои имаат обврска да го прават планот за ризик, само гледаме дека има суспензија. На јавноста ѝ се потребни одговори и овој процес мора да биде транспарентен. Граѓаните и семејствата во Кочани заслужиле да имаат одговори за трагедијата, рече Лукаревска.

Лукаревска се осврна и на формирањето на анкетна комисија која треба да започне со работа во соодветно време, но не смее да биде замена за истрагата.

-Истрагата за трагедијата во Кочани треба да покаже веродостојни резултати. Анкетната комисија не смее да ја замени истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство и не смее да биде мост за добивање на евтини политички поени, рече Лукаревска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk