Home » Лукаревска: СДСМ нема конечен став за коалицирање, партиските програми ги подготуваат сегашни и поранешни функционери

Лукаревска: СДСМ нема конечен став за коалицирање, партиските програми ги подготуваат сегашни и поранешни функционери

by Журнал

„Слушнав денес неколку говори во Собранието и ја слушнав изјавата дека станува збор за дезертер. Но, тој ист дезертер беше член на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година како министер за одбрана“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Таа додаде дека мора да се прави хронологија на настаните во земјава и да се потсетуваат и граѓаните и политичките актери на тоа што се случувало, за да не се даваат небулозни изјави.

„Талат Џафери согласно својот професионален ангажман како претсдател на Собранието беше на ниво на задачата. Во својот говор денес напомена дека ќе се бори и понатаму за сите тие исти принципи на функционирање за добробит на државата и граѓаните“ рече Лукаревска и додаде дека не треба да се делат политичарите по било каква основа, било да е тоа национална или верска и дека треба да се унапредува политичкиот дијалог, компромис и политичката култура во земјава.

Таа се осврна и на можноста од наредните парламентарни избори да укине техничката влада.

„Дури и ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема потреба да имаме техничка влада. За нас тоа е комплимент и доблезно е да се признае дека живееме во земја во која се живее слободно, владее демократијата и нема заокружување со црвени кругчиња по слики затоа што некој кажал спротивно мислење од она на тогашната режимска власт“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека првиот услов за излегување од сегментот на техничката влада ќе го имаме на следните парламентарни избори, кога со новиот мандат кој ќе го обезбеди СДСМ и коалицијата ќе продолжат да се унапредуваат демократските вредности, да се развива државата и да се продолжи борбата за европската идеја.

„Пржинската влада беше резултат на режимското владеење, на злоупотреба на институциите за партиски цели, резултат на притисоци, на мешање во судство, обвинителство, лустрација. Таа влада беше за да се искорени тоа од општеството, да може да функционираат слободно институциите и да нема злоупотреба за партиски цели“ рече Лукаревска.

Во продолжение на интервјуто за ТВ21 Лукаревска нагласи дека партијата се уште нема конечен став околу тоа дали ќе оди на заеднички листи со коалиционите партнери од Владата и ги повика сите политички партии, политички субјекти, граѓанскиот сектор и поединции кои се за европската идеја да се приклучат.

„Ги отвораме вратите кон секоја политичка партија, политички субјект, граѓански сектор, поединици кои сметаат, знаат и очекуваат дека СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година“ рече Лукаревска.

Таа изрази убедување дека Европскиот фронт ќе издвојува победа на парламентарните избори, а пред тоа и на претседателските избори.

„Нема поубава и поцврста симболика од изборите на 8 мај и победата што ќе ја имаме како коалиција во пресрет на Денот на Европа – 9 Мај“ рече Лукаревска.

Зборувајќи за состојбите во партијата заменик-претседателката на СДСМ, рече дека тие се консолидирана партија во која со Шеќеринска, Петров, Битиќи, Богоев и многу сегашни и поранешни функционери се подготвува програмата.

„На сите душегрижници може да им порачам дека СДСМ е консолидирана партија и оние изјави дека има несогласувања меѓу поранешниот претседател Зоран Заев и актуелниот претсдател Димитар Ковачевски времето покажало дека не се точни, како и средбите и меѓусебната комуникација што ја имаат тие двајцата“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Лукаревска додаде дека во СДСМ на никој не му се зема за зло доколку има различно мислење од лидерот на партијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More