Home » Лукаревска: Немале лиценца, платиле помалку ДДВ кон државата, две од трите компании имале ист газда, но и сметководител

Лукаревска: Немале лиценца, платиле помалку ДДВ кон државата, две од трите компании имале ист газда, но и сметководител

by Журнал

Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно основач, каде што по промената на податоците во тековната состојба во Централниот регистар, тој всушности си го сменил и своето презиме. Првиот и третиот случај имаат и ист овластен сметководител кој што работи исклучливо само за тие два даночни обврзника, појасни Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во вечерашната „Топ тема“ во врска со истрагата за три даночни обврзници од нафтениот бизнис кои се обиделе со лажни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет.

„Кај вториот случај, односно втората компанија, е интересен моментот што неговата дејност се менува по извесен период. Значи претходно се занимавал со сосема друга дејност. А со промената на самата дејност што ја извршува, тогаш влегува и станува достапен за првиот и за третиот случај за да го внесат во таа шема. Нема ниту лиценца, ниту складишен простор за чување на нафта, ги нема основните потреби кои што треба да ги има една нафтена компанија за да се занимава со трговија со нафта на големо и мало. При увидот на лице место, ние не сме констатирале дека таму постои бензинска пумпа воопшто“, истакна Лукаревска.

Со тоа, како што додаде директорката на УЈП, не само што го изиграле делот на даночното работење, туку ги изиграле и сите оние законски правила кои треба да ги исполнуваат сите нафтени компании за вршење на таа дејност.

„Затоа ние во делот на нашето постапување имаме отворено контроли кај дел во период од 2021 година, па до 2023 година. Имаме контроли кои што се почнати во 2020 година, имаме спроведено контрола и по основ на данокот на личен доход, пришто сме виделе дека нема вработени лица. Ниту има пресметано, ниту има исплатено плата. Истовремено, заедничко кај сите три, покрај тоа што немаат лиценца, е помалку пресметено, пријавено и платено ДДВ кон државата“, рече Лукаревска.

Три нафтени компании од кумановско-липковскиот регион со фиктивни фактури сакале по основ на поврат на ДДВ да испумпаат од буџетот над 2,6 милиони евра. Управата за јавни приходи денеска објави детали за шемата на овие правни лица, преку која се обиделе да нанесат штета на државната каса, која ја полнат и граѓаните и фирмите. УЈП утврдила и дека направиле и затајување на данок на личен доход во износ од над 300.000 евра. Кај првата компанија потоа како сопственик и управител се јавува државјанка од Хрватска, а кај другите две државјанин од Косово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More