Home » Лукаревска: Mрежа на нафтени компании сакале да испумпаат пари од буџетот

Лукаревска: Mрежа на нафтени компании сакале да испумпаат пари од буџетот

by Журнал

Единствено што за мене дозволувам да се каже е дека сум припадник на СДСМ и не сум ничиј полтрон, меѓутоа ги почитувам сите раководства досега и тоа е моја доблест и култура на однесување и така треба да се однесуваме сите, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Во врска со листата на должници, Лукаревска посочи дека тоа е обврска која се објавува на месечно ниво за правни и физички лица како и дека се спроведени сите можни механизми за наплата. Таа посочи дека се намалува бројот на должници и постепено се намалува и износот на тој даночен долг.

Во врска со објавувањето на нафтените компании кои затајувале данок, таа посочи дека не може да објави конкретни имиња на фирми бидејќи се работи за даночна тајна регулирана во законот за даночна постапка.

-Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании која што е во соодветен дослух со бензиски пумпи и врз основа на тоа ќе видиме како всушност сакале да го изиграат системот, да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ за што ние навремено сме алармирале, сме постапиле опсежна анализа и процедура имаме направено, со попис и детална анализа на сите фактури што биле дел од тие деловни односи и детална анализа на физичките лица кои стојат зад тие бензиски пумпи – рече Лукаревска, посочувајќи дека сето тоа ќе биде презентирано на брифинг со новинари во понеделник.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More