19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Лукаку не е тешко повреден, ќе пропушти само еден меч

Најчитани вести

Фудбалерот на Интер Ромелу Лукаку не е повреден, но може да го пропушти натпреварот со Сампдорија, пренесоа италијанските медиуми. Белгиецот бил на прегледи откако се пожалил на проблеми со бутниот мускул за време на мечот со Кротоне во саботата, меѓутоа не е откриена никаква повреда.

Стручниот штаб на Интер на чело со Антонио Конте денеска ќе одлучи дали Белгиецот ќе игра во среда во Џенова против Сампдорија или ќе одлучи да остане во Милано за да биде комплетно спремен за дербито со Рома.

Лукаку може да остане и на клупата, секако, за конечната одлука Конте ќе се консултира со клупските лекари.

По 15 кола Интер е втор на табелата со бод пмалку од водечкиот Милан, а Лукаку е еден од најважните играчи на „нероаѕурите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести