Лука Станковски важеше за еден од најголемите таленти во школата на Работнички, беше мета на клубови како Монца, Динамо Загреб и Фенербахче, за на крајот да заврши во Газијантеп.
Авантурата во Турција се покажа како промашување, не помогна и катастрофалниот земјотрес на почетокот од минатата година кој придонесе Газијантеп се пресели во втора лига.
Последните шест месеци од минатата сезона, Лука Станковски ги помина на позајмица во Тузласпор, а откако стана јасно дека и сега ќе нема посериозна минутажа, се одлучи за авантура во Србија и позајмица во Раднички 1923 од Крагуевац.
„Раднички пројави интерес па прифатив да дојдам тука, знам дека ако одиграм добро, ќе можам да направам добар трансфер. А тоа и ми е целта, да играм во Топ 5 првенствата“ – вели Лука Станковски.