ПСЖ мораше да ја прифати реалноста и да се соочи со низа голем број предизвици без Килијан Мбапе, фудбалер кој после седум години реши да го напушти саканиот клуб.
Француската ѕвезда го режираше толку посакуваниот трансфер во Реал Мадрид и почна да блеска во шпанската престолнина, но покрај неговите добри настапи во последно време, за француската јавност е доста интересна и низата во која влезе ПСЖ.
„Светците“ ја подигнаа формата и во овој тим на Луис Енрике многу често гледаме различни стрелци, а понесен од добрите изданија на тимот, Лучо сега потсети на изјавата која ја даде уште пред стартот на сезоната.
– Бев многу храбар кога реков дека ќе имаме подобар напад и подобра одбрана без Мбапе. Се уште го велам тоа и бројките го докажуваат тоа.
– Цел свет го сакаше Килијан, но тимот одговара позитивно без него, играме на спектакуларно ниво. Сакав да гледам повеќе стрелци во тимот и сега го добивме тоа. Тимот е се позрел од натпревар во натпревар, – вели Лучо.