Виктор Осимен пронајде решение, клуб во кој ќе ја продолжи кариерата откако стана јасно дека нема место за него во Наполи или поточно нема да добие нова шанса откако самиот тој беше решен да си замине од калчолигашот кој потоа тргна да гради проект без него.
Галатасарај е тимот во кој Нигериецот ќе игра до 2025 година со тоа што останува отворено дали ќе биде само до јануари или до крајот на сезоната. Се работи за позајмица во која турскиот шампион ќе ја покрие платата на напаѓачот кој пак ќе има задача да си ја врати формата и да покаже, потврди дека е една од најдобрите деветки на светот.
Навивачите на Галатасарај се пресреќни поради доаѓањето на Виктор и најдобра потврда е тоа што го чекаа да пристигне до раните утрински часови, 3:30/4:00 часот по локално време.