19 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Lucid Mortors го најави Air за идната 2020 година

Најчитани вести

Минаа речиси три цели години откако компанијата Lucid Motors го претстави својот модел Air.

Тогаш беше најавено дека автомобилот би требало да влезе во производство во 2018 година, но компанијата во меѓувреме се судри со големи финансиски проблеми и плановите за стартот на производството на овој модел беа одложени на неодредено.

Од тогаш почнаа шпекулациите дека компанијата би можела да биде продадена на Ford, што не се случи, но затоа е пронајден инвеститор од Саудиска Арабија, што во Lucid Motors инвестирал 905 милиони европски банкноти.

Сега оваа Компанија продолжува со спроведување и реализирање на зацртаните планови.

Така, деновиве, е најавено дека се прави фабриката во Каза Гранде (Kasa Grande), Сојузна држава Аризона, во САД.

Изградбата на фабриката стартуваше во септември тековната 2019 година.

Кога пак станува збор за моделот Air од Компанијата потврдуваат дека неговото производство, ако се оди според предвидените планови, би требало да почне кон крајот на наредната 2020 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести