Home » ЛШ: „Ранетиот“ Баерн на гости во Рим, Мбапе и дружината со сите сили ќе удрат на Сосиедад!

ЛШ: „Ранетиот“ Баерн на гости во Рим, Мбапе и дружината со сите сили ќе удрат на Сосиедад!

by Журнал

Вечерва во стандарниот термин од 21 часот се играат два меча од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

На “Олимпико“ во Рим спектакл. Лацио го дочекува “ранетиот“ Баерн Минхен. Со оглед на тоа во каква форма се “баварците“ јасно е дека италијанскиот тим си ја гледа својата шанса за добар резултат, барем на овој прв меч, а зошто да не и за пласман понатаму.

Се е можно кога игра Баерн и како игра оваа сезона. Во некои други времиња овој двомеч ќе беше само загревање за гигантот од Минхен.

Во Париз тимот на ПСЖ со сите сили ќе удри на Сосиедад. Мбапе и дружината посакуваат пласман во следната фаза. Шпанскиот тим е надворт од форма и тука “светците“ не би требало да имаат проблем.

Треба да се каже дека лани и преклани, ПСЖ со Меси во тимот не успеваше да ја мине оваа осминафинална пречка.

ВЕЧЕРВА – 21:00 ЧАСОТ (1/8 ФИНАЛЕ – први мечеви)

ЛАЦИО – БАЕРН МИНХЕН

ПСЖ – СОСИЕДАД

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More