Home » Ловџија усмртил човек со кого билe заедно во лов на дивеч

Ловџија усмртил човек со кого билe заедно во лов на дивеч

by Журнал.мк

Вчера (13.11.2024) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К.(54) од с .Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.

Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с .Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот.

Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а лицето е приведено.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk