Home » Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

by Журнал.мк

Поранешниот градоначалник на село Рилци, Благоевградско – Живко Чукарски, ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани. Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци, проблемот со лажните адреси во регионот продолжува.

Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани, кои мештаните никогаш не ги виделе.

„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши”, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства.

Ваквта информација беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.

Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

„Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските заокни се добива статус на постојан претстој.

Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија.

И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло.” – вели сведокот за БТВ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk