Home » Лош резултат за Tesla Model S на германските технички прегледи

Лош резултат за Tesla Model S на германските технички прегледи

by Журнал.мк

Секоја година, TÜV, организација која спроведува технички прегледи во Германија, објавува годишен извештај базиран на своите наоди за возилата кои минуваат низ станиците за технички преглед. Изданието на извештајот за 2022 година е првото во кое компанијата специјално ги класифицирала електричните возила од причина што бројот на електрични возила веќе е доволно голем за релевантна статистичка анализа.

Smart Fortwo Electric Drive е најдобар со само 3,5% грешки при технички преглед. Процентот на грешки кај второ пласираниот BMW i3 е 4,7 проценти, толку колку што е просечната стапка на дефекти за сите автомобили (дизел и бензин, хибриди и plug-in хибриди) на возраст од 2 до 3 години во Германија. Со 5,7%, Renault Zoe е нешто под просекот.

Убедливо најлош е Tesla Model S. Кај 10,7 проценти од возилата е пронајдена грешка при технички преглед. Model S е претпоследен од сите автомобили.

Главните проблеми кај Model S се светлата за магла и кратките светла. Има и грешки со суспензијата, но и разни други проблеми… Tesla очигледно мора да работи на контролата и квалитетот на своите производи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More