Home » Лорер: Влезот на Македонија во ЕУ е бугарски национален интерес

Лорер: Влезот на Македонија во ЕУ е бугарски национален интерес

by Журнал.мк

Бугарски национален интерес е Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговорите со Скопје, истакна бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР, додавајќи дека отворањето на преговорите со Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија.

– Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна, ќе бидат постигнати условите за врските меѓу двете држави, не само историски, туку и економски, академски, како и културни. Тоа треба да се случи за секоја од двете страни да се почуствува далеку посигурна во тој дијалог – порача Лорер.

Тој нагласил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи, посочувајќи дека дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk