Home » Лондон: Можни се лични санкции против Путин

Лондон: Можни се лични санкции против Путин

by Журнал.мк

Велика Британија не исклучува санкции насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трaс.

На прашањето за можни санкции против Путин, Трус за британски „Скај” изјави: „Ништо не исклучуваме”.

– Ќе претставиме нов закон што ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го изнесеме во следните неколку дена. Не исклучуваме ништо, изјави Трас. Таа додаде дека Велика Британија доставува одбранбено оружје на Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More