Министерот за правда, Кренар Лога по повод Европскиот ден на правдата во рамките на Министерството за правда оствари средба со студенти и ученици.
Лога по повод Европскиот ден на правдата во рамките на Министерството за правда оствари средба со студенти од Правниот факултет на Државниот Университет во Тетово, докторанти од Правниот факултет „Јустиниан Први“ – Скопје и ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.
Студентите и учениците одблизу имаа можност да се информираат за работата од надлежност на Министерството за правда, како и за правната помош кои ја нуди оваа институција.
Организирани се и отворени денови за посета во повеќе судови, адвокатски, нотарски и извршителски канцеларии низ државата.
Реформите би биле невозможни без соработка и отвореност помеѓу институциите како предуслов за зајакнување на довербата во правосудниот систем и доближување на правдата до граѓаните, соопшти Министерството за правда.