Home » Лога и Тунч во Анкара разговараа за екстрадиција на Палевски

Лога и Тунч во Анкара разговараа за екстрадиција на Палевски

by Журнал

Министерите за правда на Северна Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

-Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk