22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Љупчо Андоновски можен министер за внатрешни работи во техничката влада

Најчитани вести

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги откриваат своите кандидати за во техничката влада, но сепак веќе се шпекулира со одредени имиња. Најважната позиција која ќе ја добие опозицијата е министер за внатрешни работи. Според неофицијални информации на „Фокус“, Љупчо Андоновски е еден од посериозните кандидати кој треба да седне во фотелјата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како можна опција за министер за МВР се шпекулира и со името на Горанчо Савовски, но сепак нашите извори велат дека Андоновски засега е првиот на листата.

Андоновски во 2015 година одреден период беше директор на УБК, односно на оваа позиција беше назначен по оставката на Сашо Мијалов. Пред да застане на чело на УБК, Андоновски беше началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање. И тој и Савовски имаат завршено Факултет за безбедност и речиси целиот свој работен век го имаат поминато во МВР.

Оваа позиција во техничката влада е една од најважните, бидејќи новиот министер има овластување да смени 15 вработени на раководни позиции. Први на удар се началникот на Одделот за борба против организиран криминал, како и првиот човек на Внатрешна контрола.

Кога Спасовски беше назначен за технички министер во 2016 година тој именуваше 11 нови раководители на организациони едници во состав на МВР, 7 во секторите за внатрешни работи и 4 во одредени оддели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести