Home » Ливерпул со порака до Перез: “Го сакате? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари!“

Ливерпул со порака до Перез: “Го сакате? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари!“

by Lina Muslija

Познати се проблемите со кои се соочува Карло Анчелоти во одбраната на Реал, посебно по тешката повреда на Едер Милитао. Веќе наголемо се презентира дека желбата на “кралевите“ е Трент Александер – Арнолд, бекот на Ливерпул и репрезентацијата на Англија. Секако дека тоа би бил голем трансфер, но во јуни Трент е слободен а ако си замине од “Енфилд“ во јануари ќе треба да се плати отштета.

Токму затоа од таборот на Ливерпул, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија и на Островот, челниците на Ливерпул веќе го контактирале Дон Флорентино Перез и му порачале:

Го сакате Трент? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари“.

Сега на потег е Реал, а интересно е тоа што токму овие две екипи вечерва се среќаваат на “Енфилд“ во меч од 5.коло во Лигата на Шампионите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk