Ливерпул и Арсенал прикажаа разочарувачка партија пред недела дена на „Енфилд“. Тоа што нивниот прв дуел заврши без голови само по себе претставува куриозитет затоа што дуелите на овие два клуба претежно се ефикасни – точно е дека во октомври 2020 година во рамки на истово натпреварување резултатот исто така беше 0-0, а „топџиите“ минаа понатаму благодарение на подоброто изведување на пенали, ама 3+ е главно најсигурниот избор.
Притоа, „црвените“ од 24 минута имаа играч повеќе поради исклучувањето на Гранит Џака, ама и покрај тоа беа безидејни, со само една вистинска шанса за гол. На спротивната страна, Арсенал првенствено се бранеше, што беше и очекувано во таква ситуација, а обидите им беа главно јалови, преку контра.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Арсенал – Ливерпул
Кога ќе се сумираат сите работи, очекуваме актерите да се извадат за тие деведесет минути кои беа приспивни, а и да бидеме искрени не може да замислиме Ливерпул да повтори едно такво стерилно издание, без разлика на кадровските промени со кои се соочува тренерот Јирген Клоп. Германецот призна дека неговите играчи не беа доволно добри, додека неговиот колега Микел Артета, чија екипа во моментов е десеткувана поради корона и исто така беше одложен мечот со Тотенхем, беше горд на своите избраници. Но, сега момците од англиската престолнина ќе мора да заиграат повеќе агресивно ако сакаат да дојдат до финалето во кое веќе се пласираше Челзи (со победа во двата меча против Тотенхем), а таква игра им годи на гостите.
Поради тоа ќе се осудиме да ви го предложиме типот ГГ или ГГ3+, додека предност има Ливерпул, чија форма и ситуација со составот се нешто подобри од оние на Арсенал.