Home » Литванија испрати противвоздушни ракети Стингер во Украина

Литванија испрати противвоздушни ракети Стингер во Украина

by Журнал.мк

Украина во неделата доби пратка муниција и противвоздушни ракетни системи Стингер од Литванија, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Претходно во неделата, два други авиони испорачаа околу 180 тони муниција од САД, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Резников на Твитер објави дека Украина досега добила речиси 1.500 тони муниција.

Украинските воени претставници објавија дека Украина со помош на своите сојузници значително ги зајакнала своите вооружени сили.

Ова конкретно се однесува на американските и британските противтенковски системи и дроновите што ѝ ги испорача Турција.

САД и сојузниците велат дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, но Русија, и покрај што распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, негира дека има такви планови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More