Home » Листата со намалени цени на 100 прехранбени производи ќе доцни: Трговците ќе ги усогласуваат мерките со Владата

Листата со намалени цени на 100 прехранбени производи ќе доцни: Трговците ќе ги усогласуваат мерките со Владата

by Журнал.мк

Министерството за економија денеска требаше да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени кои утре требаше да се најдат на седница на Влада, но премиерот Мицкоски најави пролонгирање на роковите поради дијалогот со производителите и трговците.

Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,, а предлогот треба да биде усвоен на редовната седница на Владата.

Но, премиерот Христијан Мицкоски откри дека денес ќе се отвори дијалог на кој ќе се утврди видот на мерката, односно дали ќе се оди со ограничени трговски маржи или со замрзнати цени како што беше најавено.

– Утрово имав разговор со министерот за економија и труд да ги покани и производителите и трговците за да разговараме кој е најдобриот начин за мерки. Не мора да значи дека утре ќе биде предлогот за цени, може една недела подоцна додека се усогласат ставовите. Да, ја јас стојам зад тоа, но кога гледате дека поединци делуваат како монопол и дуопол, тогаш мора да интервенираме офанзивно. Онаму каде што пазарната економија ги диктира цените, нема да интервенираме. Јас сум за економијата да ги диктира цените, но има за жал поединци кои ја
злоупотребуваат оваа позиција – истакна Мицкоски.

Претходно министерот за економија и труд, Дурмиши најави дека врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените.

Владата најави дека ќе има и предновогодишна и пролетна кошничка, со избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината.

-Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски.

Стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година, како што рече, што претставува навистина добар резултат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk