Home » Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките

Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките

by Журнал.мк

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.

Лимани го истакна значењето на вложувањето во раниот детски развој како приоритет на оваа Влада.

„Во соработка со општините кои најдобро ги знаат потребите на граѓаните, продолжуваме да инвестираме во изградба на објекти и содржини кои ќе им овозможат на децата да растат, учат и се развиваат, на најдобар можен начин. Посветено ќе работиме и на намалување на листите на чекање, затоа што секое дете е важно и секое дете треба да е вклучено во воспитно-образовниот процес. Затоа што, раниот развој на децата е клучен за обликување на нивните идни способности, вештини и здравје“ посочи Лимани.

Покрај значењето на градбите тие да бидат дизајнирани така што ќе обезбедат безбедност и ќе го поттикнуваат развојот на децата, Лимани ја истакна и важноста на стручните лица кои работата со деца и вложувањето во зајакнување на нивните компетенции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More