Home » Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку писмо им се пожали на меѓународните претставници за статусот на Албанците во Северна Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку писмо им се пожали на меѓународните претставници за статусот на Албанците во Северна Македонија

by Журнал.мк

Лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати писмо до лидерите на регионот и до европските и американските претставници, во кое ја изразува како што вели длабоката загриженост за последните политички и уставни случувања во Северна Македонија, кои според оваа партија ги загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во државата. Според Ахмети, последните 3 одлуки претставуваат сериозна закана за мирот и стабилноста на земјата и регионот како целина. Во писмото се наведува:

„Овие 3 големи удари врз темелите на Охридскиот договор претставуваат сериозна закана за мирот, стабилноста, меѓуетничката хармонија и мултиетничката демократија во Северна Македонија. Тоа не се само внатрешно-политички прашања, туку има сериозни последици за регионот и неговата стабилност. Овие интервенции се закануваат да ги уништат клучните елементи на мирот и еднаквоста, враќајќи нè во условите пред 2001 година, кои беа причина за кризата и војната во таа година. Ве повикувам на заедничка и решителна акција за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и загарантираните права на Албанците“, пишува Ахмети.

Писмото на Ахмети е упатено до шефот на државата во Албанија и Косово, претседателот на ЕК, германската канцелар, претседателот на Франција и државниот секретар на САД./

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk