Home » Лидерот на ДПА гледа проблем во Мицкоски и во Апасиев

Лидерот на ДПА гледа проблем во Мицкоски и во Апасиев

by Журнал

Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи не кажа точно дали ќе биде дел од таканаречениот „Европски фронт“, пренесе Коха.

Тачи вели дека партиите мора да бидат цврсти на своите позиции за што побрза интеграција во ЕУ.

– Ова ми изгледа многу лесно кога го кажувам, многу меко, но после тоа ќе се појават многу тешкотии, има многу локуми, многу сладоледи, многу апасиеви, многу Мицкоски, многу понуди за власт, мислам дека бевме цврсти во оваа насока – рече меѓу другото Тачи.

Тој додаде дека како партија се конструктивни за соработка, но дека не ја исклучуваат можноста и самите да излезат на избори.

– Ние сме максимално конструктивни, но секако дека сме подготвени да се соочиме со секого на избори, лошото на овие избори е што ДУИ е апсолутен фаворит – истакна лидерот на ДПА.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More