Home » Лидерот на Беса бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат

Лидерот на Беса бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат

by Журнал.мк

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран.

„Јас Биљал Касами како избран кандидат за пратеник во Шестата изборна единица на Парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и барам да не ми се верифицира мандатот од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во изјавата на Касами потпишана со датум 23 мај 2024 година, а како дел од материјалите за утрешната конститутивна седница на Собранието.

На првата седница на новиот парламентарен состав што е закажана за утре со почеток во 11 часот, прва точка на дневен ред е избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието.

На седницата треба да се изврши верификација на мандатите на пратениците, да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Собранието.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More