Home » Лицето како огледало на здравјето: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Лицето како огледало на здравјето: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

by Lina Muslija

И покрај тоа што секојдневно го гледаме своето лице во огледало, може да се случи да игнорираме некои знаци за кои сметаме дека се вообичаени заболувања, кои можат да не наведат да ги занемариме предупредувачките симптоми.

Д-р Доналд Грант, општ лекар и виш клинички советник во „Индепендент фармаси“, предупреди дека овие симптоми може да варираат од недостаток на витамин до сериозни заболувања на црниот дроб и дека промените на лицето може да укажуваат на сериозни здравствени проблеми.

„Од недостаток на витамин до заболување на црниот дроб – нашето лице често може да ни испрати предупредувачки знаци за разни здравствени проблеми. Разбирањето како едно лице може да укаже на здравствен проблем е ефикасен начин за рано откривање на проблемите и одредување на најдобриот третман“.

Отечено или надуено лице

Ако вашето лице е отечено и болно, тоа може да укажува на некоја од следниве состојби:

„Отекувањето на лицето често може да биде знак за помали здравствени проблеми како алергија на полен или други алергиски реакции. Сепак, надуеното лице може да укаже и на задржување на течности – што обично се случува кога бубрезите не работат како што треба“, вели д-р Грант, додавајќи:

„Отеченото лице може да биде и знак за целулитис, инфекција која се манифестира како црвенило и оток на кожата. Оваа инфекција може да се појави на кој било дел од телото, вклучувајќи го и лицето. За лекување на целулитот, лекарот може да препише антибиотици, а инфекцијата обично исчезнува околу една недела по започнувањето на третманот“.

Бледа кожа на лицето

Не зборуваме за аристократска боја, вели на шега д-р Грант, туку за фактот дека хроничните болести, лошата исхрана или недостатокот на витамини и минерали може да доведат до бледа кожа на лицето.

„Ова често е резултат на недостаток на црвени крвни зрнца или хемоглобин, што доведува до промена на бојата на лицето. Ако сте забележале дека вашето лице е премногу бледо, вклучете ја во исхраната храна богата со железо како црвено месо, грав и леќа“.

Пожолтување на кожата на лицето

Ако наутро кога ќе застанете пред огледалото видите дека лицето ви е жолтеникаво, верувајте дека има сериозна причина зошто тоа се случило. Д-р Грант вели дека ако кожата пожелтув, тоа може да биде знак дека имате жолтица.

Тој објаснува дека жолтицата се јавува кога билирубин се акумулира во крвта во телото. Жолтица може да се појави поради различни здравствени проблеми како што се заболување на црниот дроб, хепатитис или српеста анемија.

„Со оглед на тоа дека жолтицата може да укаже на голем број здравствени проблеми, неопходно е да се посети лекар за да се откријат причините за оваа промена на лицето“, додава д-р Грант.

Осип

Осипот е секогаш иритирачки и ако не помине, може да укаже на посериозен проблем.

„Постојаниот осип на лицето може да укажува на лупус, која е автоимуна болест. Овој тип на осип обично се појавува на носот и образите пред да се прошири на рацете и градите. Лупус е хронична болест која може да се дијагностицира преку тестови на крвта, па затоа е од суштинско значење да побарате лекарска помош ако се сомневате дека имате лупус. Покрај лупус, осип на лицето може да биде знак за алергија или розацеа“, предупредува д-р Грант.

Сува кожа на лицето/усни

Ако балсамот за усни не помага, тоа може да биде повеќе од само промена на годишните времиња.

Д-р Грант вели: „Иако сувите усни или кожата на лицето често може да бидат знак за временски промени или стареење, тоа може да биде предизвикано и од дехидрација. Знаците на дехидрација вклучуваат црвена кожа, сува кашлица, жед и темно жолта урина. Важно е да пиете доволно течности во текот на денот, особено кога надворешните температури ќе почнат да растат. Генерално, важно е да бидеме свесни за различните здравствени сигнали кои ни ги дава нашето лице“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk