Home » Лица со аутизам не се вклучени во Законот за вработување на лица со попреченост

Лица со аутизам не се вклучени во Законот за вработување на лица со попреченост

by Журнал.мк

Вработувањето на лица со аутизам е речиси невозможно во државните институции, бидејќи тие не се вклучени во Законот за вработување на лица со попреченост.

Заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа рече дека веќе побарале од Владата да ја испита оваа законска празнина и да интервенира согласно законските измени за овие лица да го остварат своето право на еднаквост со другите.

Бајрамовска-Мустафа рече и дека лицата со попреченост и понатаму се соочуваат со проблеми во образованието, немање асистенти, поплаки за малтретирање и дискриминација од речиси секој аспект.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk