Home » Либанската армија се подготвува да се врати на југот на земјата по прекинот на огнот

Либанската армија се подготвува да се врати на југот на земјата по прекинот на огнот

by Журнал.мк

Армијата на Либан соопшти дека се подготвува да се распореди на југот на земјата откако синоќа стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Во соопштението армијата побара и од жителите на пограничните села да го одложат враќањето во своите домови до повлекување на израелската војска.

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му претходеа силни експлозии во областа Бејрут до почетокот на примирјето.

Портпаролот на ИДФ ги предупреди жителите на јужен Либан дека им е „забрането да одат кон селата кои одбранбените сили побарале од вас да ги евакуирате или кон одбранбените сили во областа“. Тој додаде дека ИДФ ќе ги информира кога ќе можат безбедно да се вратат дома.

Во вторникот, израелскиот безбедносен кабинет одобри договор за запирање на борбите на 60 дена. За тоа време Израел ќе ги повлече своите војници од јужен Либан, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Извештаите велат дека вкупно 10.000 војници на либанската армија ќе бидат стационирани во пограничната област паралелно со израелското повлекување. Од вкупниот број, 5.000 се веќе инсталирани.

Договорот ќе го надгледува група земји предводени од САД, заедно со Франција, Либан, Израел и мировните сили на ОН УНИФИЛ.

Палестинското исламистичко движење Хамас го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, велејќи дека и тоа е подготвено за примирје со израелската армија во Појасот Газа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk